ППовеќе за мене

Јас сум родена и порасната во Скопје, каде што ги завршив студиите по германски јазик и книжевност, а веќе повеќе од 18 години живеам во Германија. Во текот на мојот професионален пат во Германија завршив обука и студии за државен службеник и повеќе од 13 години работев во јавна администрација, конкретно во биро за странци.

Благодарение на тоа искуство, помагам на многу луѓе од Македонија да ги разберат административните процедури и да ги решат своите проблеми поврзани со работа и престој.

Се стекнав со диплома и овластување за судски преведувач и толкувач во Македонија и во Германија и поседувам судски печат од двете држави, што претставува реткост во оваа област.

Ко-основач сум на првиот подкаст за Македонци во Германија – „Петочно во Германија“ и преку различни проекти и активности активно придонесувам за поддршка на македонската заедница во Германија.

Во моментов работам како советник за миграција во една од водечките светски компании, што ми овозможува детално да ги познавам процедурите за работни визи за квалификуван кадар.

Паралелно студирам на правниот факултет во Хаген, што дополнително ја зајакнува мојата експертиза како преведувач и советник.

Ова искуство и знаење го спојувам во мојата работа, нудејќи им на клиентите точни и правно исправни преводи, како и совети што не би ги добиле на друго место.

Професионални преведувачки услуги